Општинската Организација на ЛДП денес одржа прес конференција на која партискиот портпарол Филип Јаневиќ, го најави повторното враќање во функција на мерната станица за квалитет на воздух во Куманово, откако пред неколку години, станицата престана да работи.
Според Јаневиќ, мерната станица од денес го покажува квалитетот на воздухот во Куманово, што за ЛДП претставува мал исчекор, земајќи во предвид дека партијата години наназад упатуваше апел станицата да се стави во повторна функција.
-
Ова е мала победа, не само за ЛДП туку за сите граѓани на Куманово, и отсега, сите ќе знаеме каков воздух дишеме. Но, според последниот увид, се покажа дека станицата ги мери ПМ 10 честичките, но не и ПМ 2,5 честички кои се всушност опасни по здравјето на луѓето, истакна Јаневиќ.
Loading...