Оние кои знаат со парите никогаш нема да ги направат овие работи

Сподели со своите пријатели

Финансиската интелигенција е вродена за некои, додека други тоа го учат – и се сведува на паметно трошење на парите и добра самоконтрола. Не мора да бидете богати за да бидете „добри со пари“ затоа што управувањето со тоа повеќе зависи од навиките на лицето отколку од неговиот приход, велат експертите.

Loading...

Луѓето кои знаат за пари секогаш бараат начин да живеат во рамките на своите можности, да трошат помалку од потребното. Тие не се милионери, туку луѓе со просечни примања. Таквите луѓе подигаат заеми помалку – и ако ги подигнат ги отплаќаат побрзо, не влегуваат во минуси, не купуваат работи на милион рати и што е најважно – успеваат да заштедат.

Постојат навики за купување и трошење кои едноставно немаат смисла за луѓето кои знаат за пари.

Ова се топ шест работи што тие нема да ги купат.

1. Нов автомобил

Луѓето кои имаат цел или дел од износот што е заштеден за купување автомобил, или може дури и да имаат поголема сума на заштеда во банката, обично возат автомобили стари од две до пет години.

Реално, не е дека не можат да си го дозволат тоа, но тие се свесни за тоа дека нов автомобил губи 10 проценти од својата вредност во првиот месец по купувањето, а 20 проценти во првата година.

Тука нема никаква математика, освен лично задоволство од возење нов автомобил, но за финансиските професионалци, тоа е губење на пари.

Loading...

Оние што знаат како со парите се свесни за тоа дека најдобрата вредност се постигнува со купување на користен автомобил, затоа што можат да заштедат додека возат иста класа.

2. Не го земаат автомобилот за лизинг

Иако лизингот сè уште вклучува депозит, додека месечните рати може да бидат пониски од заемот, вие не станувате сопственик на нешто со лизингот како што би направиле со заем.

Иако лизингот може да изгледа како добар начин да се избегне долг на краток рок, оние што знаат за парите гледаат на тоа поинаку.

„Ако сте мотивирани од најмалиот трошок, има најмногу смисла да купите автомобил и да го чувате“, изјави Алан Нана-Синкам за „Business Insider“.

Оние кои знаат за пари не се во ситуација секогаш да копнеат за нешто ново или подобро, па закуп за лизинг не е опција за нив.

3. Тие не купуваат имот што не можат да си го дозволат

Најдобар е недвижен имот што можете да си го дозволите – велат експертите.

Loading...

Не треба да се гледа кој е е најголемиот заем што можеме да го вратиме, затоа што секогаш може да има непредвидени настани – боледување, отказ, предвремено пензионирање и слично.

Единствена разумна работа е да се одделат парите од една страна за предвремено враќање на заемот, со цел да се намалат каматните стапки.

Ако се појави поповолна финансиска состојба, секогаш е можно да се продаде стар и да се купи нов дом или стан – но само кога ќе се појават околности.

4. Тие не купуваат работи на картички

Нема ништо лошо во купувањето со картички, сè додека тоа што го плаќаме со картичката можеме да го купиме со готовина.

Имено, ако плаќаме со картичка затоа што ги немаме тие пари, ние всушност сме во долгови, а таквото однесување доведува до тоа дека кога ќе ги вратиме парите за долг, ќе имаме недостиг на пари за работи што не се опција, туку реална обврска – како што се сметки, гориво и слично.

Ова може да доведе до маѓепсан круг на долгови, на кој постојано се плаќа камата.

Луѓето кои се наоѓаат во финансиски потешкотии велат дека токму кредитните картички придонеле за нивните проблеми и чувстуваат дека се во долг, иако биле.

Loading...

5. Не купуваат дизајнерски луксузни производи

Луѓето кои знаат со пари се помалку заинтересирани за брендовите особено кога станува збор за потрошувачки производи, како што се облека, накит и слично.

Тие повеќе би сакале да дадат повеќе пари на работи што, подоцна, имаат вредност и можат да се продаваат – недвижен имот, образование и слично.

6. Не купуваат неквалитетни артикли

Кога ќе одлучите да потрошите пари за безвредни работи, добивате безвредни резултати.

Старата поговорка вели: „Не сум доволно богат за да купам евтини работи“.

Loading...

Не купувајте што е најевтино, купете го она што сметате дека е најдобро. Значи, подобро е да купите една скапа маица, но со добар квалитет на секои четири или пет години од една евтина и лоша секоја година.

Leave a Reply