Од почетокот на рускиот напад врз Украина, до 31 март, загинаа 1.276 цивили, соопшти канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права во Женева (ОХХР).
Loading...
„ОХХР верува дека бројот на убиени е многу поголем, а информациите од некои области каде што се водат интензивни борби доцнат и многу податоци чекаат да бидат потврдени“, се наведува во документот на ОН од петокот, пренесе украински Интерфакс.
Агенцијата при ОН наведува дека повеќето луѓе загинале од експлозивни направи, поточно гранатирање и ракетирање.
Меѓу нив има 260 мажи, 184 жени, 36 момчиња, 18 девојчиња, додека полот на 61 дете и 717 лица се уште не е познат.
Потврдено е и дека досега се ранети 1.981 цивил.
Loading...