Москва: Уништивме складиштата за нафта во Кременчук

Сподели со своите пријатели

Руската армија со помош на прецизно оружје со долг дострел уништи складишта за бензин и дизел гориво во нафтената рафинерија во Кременчук, од каде се снабдуваше украинската армија, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков.

Loading...

Конашенков рече дека украинската армија во централниот и источниот регион на земјата се снабдувала од тој склад, пренесе агенцијата РИА Новости.

 

Луганска Народна Република: 170 украински војници се предадоа

 

Рафинеријата за нафта Кременчук е најголемата компанија за производство на нафтени деривати во Украина, наведува руската агенција.

Претходно, гувернерот на областа Полтава, Дмитриј Лунин, изјави дека руски проектили погодиле два града во централна Украина (Полтава и Кременчук), оштетувајќи ја инфраструктурата и станбените згради.