ОН: На конфликтот во Украина не му се гледа крајот

Сподели со своите пријатели

Потсекретарот на Обединетите нации Розмери Ди Карло изјави дека крајот на конфликтот во Украина не се гледа, додека сѐ уште постои реална можност војната да се претвори во катастрофа.

Loading...

„Навистина, крајот на конфликтот не се гледа. Сè додека постои потенцијална закана од катастрофа, таа е реална.

„Вчерашниот инцидент во Полска, во близина на украинската граница, беше застрашувачки потсетник дека мора да се направи се за да се спречи понатамошна ескалација“, изјави Ди Карло, пренесе ТАС С.

Завчера ракета падна во полско село на 15 километри од границата со Украина, при што загинаа две лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека тоа не е намерен напад врз Полска, со што се согласиле високи претставници на НАТО и на САД.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.