ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово ги повика кумановчани на собир во понеделник (видео)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Куманово, денес на прес конференција упати апел до граѓаните на Куманово, да присуствуваат на големиот собир на 18 мај во Скопје, со почеток во 20 часот.

Loading...

Овој собир ќе биде народен одговор на сите сценарија за дестабилизација на државата, истакна претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово, Драган Петковски.

– ВМРО ДПМНЕ заедно со македонскиот народ и со сите граѓани, со Албанците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите, Турците, ќе излезе на голем народен митинг за поддршка на силна и стабилна Македонија, истакна Петковски.

Leave a Reply