Украинската државна телевизија јави дека денеска во раните утрински часови се слушнале експлозии во украинските градови Миколаев и Запорожје, додека во главниот град Киев се слушале сирени за воздушни напади.
Пет експлозии одекнаа во Херсон, јавија руските медиуми.
Експлозиите се случиле во Запорожје, потврди шефот на градската администрација Александар Старух, пренесува ТАСС.
Извештаите за експлозии во Миколаев и сирени за воздушни напади во Киев доаѓаат од дописници на украинската телевизија во тие области.
Во регионите на Киев, Суми, Черкаси, Кировохрад, Николаев, Дњепропетровск, Харков и Полтава, како и во делот на регионот Запорожје под контрола на Киев, беше прогласена тревога за воздушен напад, јави ТАСС.
Пет експлозии одекнаа утрово во украинскиот град Херсон, јавија руските медиуми, додавајќи дека според неофицијални информации, активирани се противвоздушни системи.
Херсон, административниот центар на пошироката област Херсон, беше еден од првите градови што падна под контрола на руските сили, по нападот на Украина на 24 февруари, потсетува Ројтерс.
Иван Федоров, сменетиот градоначалник на Мелитопол, кој е под контрола на руските сили, на Телеграм изјави дека на тоа место се слушнала силна експлозија.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.