Над 340.000 пензионери во Република Северна Македонија од денес ќе добиваат за 2500 денари повисока пензија.
– Со линеарното покачување на пензиите во месец септември и мартовската пензија во месец Април, пензионерите добиваат за 5000 денари повисоки пензии за само 9 месеци мандат од оваа Влада, велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади.
Покачувањето на пензиите, како што велат од министерството, беше едно од предизборните ветувања на оваа Влада, која веднаш, на првата владина седница, започна со постапката за нејзино реализирање.
– Како Влада и ресорно министерство ја потврдуваме грижата за нашата највозрасна категорија на граѓани. Продолжуваме и понатаму со креирање на политики и мерки кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на пензионерите, стои во соопштението.
Никола Ивановски