Новинарот на Фокус Љубиша Арсиќ кој ја објави аферата за 30.000 фалисификувани лични карти, вчеранавечер во емисијата „360“ на каналот АЛСАТ – М зборуваше за тоа како дошол до 105 фалсификувани лични карти и за кредибилитетот на изворот.
Според Арсиќ, личните карти биле тројазични, односно англиски, македонски и албански. Освен Македонци и Албанци, на личните карти фигурирале и Роми и Турци. Изворот напоменал дека личните карти немаат метална фолија, а му ги доставил на Арсиќ од причина што тој претходно пишувал на таа тема.
-Секако дека и јас размислував околу кредибилитетот на изворот. Ми се врзуваат најмалку 4 елементи што го прават кредибилен и тоа ќе го споделам со гледачите. Пред се, самото тоа што тој доставува 105 лични карти за тоа што и инспекторите во МВР, констатираа со голо око дека се работи за фалсификат.
Освен новинарот на ФОКУС, во емисијата ”360” беше емитувано и интервју со Оливер Спасовски.