Нови руски напади во близина на нуклеарката Запорожје

Сподели со своите пријатели

Руските сили уште еднаш извршија напади врз украинскиот град Никопол во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Loading...

Регионалниот гувернер Валентин Резниченко изјави дека руските сили целеле три области, Никопол, Кривориз и Синеник во близина на нуклеарната централа во Запорожје, пишува Гардијан.

„Ова беше ноќ на бомбардирање и уништување. Никопол бил бомбардиран од ракетни фрлачи Град и нападнат од артилерија. 42 руски бомби паднаа во населени места“, напиша тој на својот официјален канал Телеграм.

„Во самиот град уништени се две куќи, а речиси 50 се оштетени. Непријателските бомби оштетија градинка, продавници, аптеки, маркети, судска зграда и автобуска станица“, додаде тој.

Според него, бомбардирањето предизвикало пет пожари, а повеќе од 2.000 луѓе останале без струја.

Во областа Синелник, во нападите беа уништени земјоделско претпријатие, училиште и културен центар.

Руски ракети погодија и неколку цели во близина на Одеса.

Пет руски крстосувачки ракети „Калибр“ биле истрелани од Црното Море кон регионот, изјави денеска портпаролот на регионалната администрација, повикувајќи се на информации од Јужната воена команда.

Loading...

Два проектили ги соборија украинските одбранбени сили, додека три погодија земјоделски цели.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.