Во Средното општинско училиште Гимназија “Гоце Делчев” денес преку проектот на Коалицијата на младински организации “Сега”, заедно со советот на училишната заедница на Гимназијата, беа донесени нови канти за отпадоци што ќе стојат пред главниот влез како и поставување на нова огласна табла.
Како што соопшти Игор Пешевски од советот на училишната заедница, освен новите канти, во рамки на проектот повторно ќе заживее и младинската канцеларија односно ќе се изврши преуредување на веќе постоечката канцеларија за потребите на учениците од Гимназијата.
Loading...
[huge_it_gallery id=”261″]
Пешевски апелираше до сите училишта да си формираат свои младински заедници откако постоењето на заедниците нуди активно вклучување на младите луѓе и младинските организации во структурен дијалог со релевантните засегнати страни, како и обезбедување на значајно влијание на иднината на младите луѓе со фокус на мерките за младинско вработување, како и подобрување на влијанието на граѓанското општество во реформските процеси во согласност со критериумите за членство во ЕУ.