Новата седмица ни носи повисоки температури и повеќе сонце

Сподели со своите пријатели

За разлика од претходната недела, последниот ноемвриски ден ни носи малку повисоки дневни температури и повеќе сонце, информира порталот за временска прогноза метеопро.мк.

Loading...

Времето во текот на денот ќе биде претежно сончево со мало зголемување на облачноста, а ведрите утра ќе носат температури под нулата.

Така по релативно ниската утринска температура која беше шест степени под нулата, во текот на денот во глобала ќе имаме температури од -4 до 0 во минимум, додека максималните дневни вредности ќе достигнат од 10 до до 13 степени целзиусови.

Во околината на Куманово утринава имавме температури од -6 степени и релативно ведра, но студена ноќ. Денеска во текот на денот ќе имаме температурна вредност од осум степени целзиусови, а не очекува релативно сончев ден со минимално наоблачување.

Според најавите на УХМР во текот на целата работна седмица ќе имаме постепено зголемување на дневните температури, кои ќе бидат и натпросечни за овој период од годината.

Ако судиме според прогнозите на порталот за временска прогноза accuweather целиот овој месец не очекуваат релативно високи температури, а за следната седмица и рекордно високи за овој период кои би достигнале и до 24-от степен.

accu