Нов асфалт на улиците во Куманово – во ноември ќе се постави и нова канализација (видео)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово денес ја официјализираше втората фаза од проектот за санација на патната инфраструктура, со завршен дел на крпење на улиците пред петнаесетина дена, со продолжување на проектот во дел на асфалтирање во две зони, т.е прва и втора градска зона.

Loading...

[huge_it_gallery id=”106″]

Според Дамјановски, во наредните четириесет дена, во Куманово ќе бидат асфалтирани вкупно 30 000 квадратни метри, со што се предвидува санација на улици во должина од 6,5 километри.

– Поставувањето на новата асфалтна подлога ќе ја извршат две приватни компании, и тоа ”КООП ИНЖИНЕРИНГ” и ”КАТИНГ ГРАДБА”, при што Општина Куманово за таа цел од буџетот ќе одвои 22 милиони денари, вели Дамјановски.

Градоначалникот Дамјановски при денешното започнување на проектот за санација на патната инфраструктура во Куманово, го најави и почетокот на градежните работи за замена на канализационата мрежа во должина од 28 километри, со старт предвиден во ноември 2015 година.