Според последниот зивештај на Управата за хидрометеоролошки работи кој се однесува за водостоите на поголемите реки во Република Македонија, нивото на водата за последните 24 часа е значително зголемена.
Loading...
Така, реката Пчиња на 23-ти ноември, односно вчера, кај мерната станица кај Катланово имала водостој висок 84 сантиметри, за да утринава во 7:30 часот бидат измерени 28 сантиметри повеќе, односно 112.
Просечниот водостој на реката, за овој месец инаку изнесува 127 сантиметри, што значи дека моменталниот водостој не претставува опасност за излевање од речните корита, а зголемување на водостоите се очекува поради најавите од нови врнежи.