Реката Пчиња едвај и тече, со оглед дека последните мерења направени утринава покажуваат екстремно низок водостој.
Loading...
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, направени утринава во 07:30 часот во атарот на селото Пелинце, нивото на Пчиња изнесува само пет сантиметри.
Ако се земат просечните вредности од изминатите години за овој ист период, тоа е далеку под проескот кој низ годините изнесувал 28 сантиметри.
Куманово и Македонија моментално се во портокалова фаза од опасност од високи температури, дожд нема одамна, а според сегашните метео најави нема ни да го има во догледно време, што дополнително може да ги намали водостоите.
Никола Ивановски