Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го назначи поранешниот командант на морнарицата Ели Шарвит за директор на израелската служба за внатрешна безбедност (Шин Бет), соопшти денеска кабинетот на премиерот.
„По спроведувањето на опсежни интервјуа со седум квалификувани кандидати, премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучи да го назначи поранешниот командант на морнарицата адмирал Ели Шарвит за следен директор на Шин Бет“, се вели во соопштението.
Врховниот суд неодамна го суспендираше разрешувањето на актуелниот шеф на Шин Бет, Ронен Бар, до 8-ми април додека ги разгледува жалбите против одлуката на владата.
Владата, една од најдесничарските во израелската историја, на 20 март објави отпуштање на Бар, кому Нетанјаху тврди дека повеќе не му верува, додека илјадници Израелци демонстрираа во Ерусалим против неговото разрешување.
Против одлуката на Владата беа поднесени пет жалби.