Куманово од 9 мај, скоро и да нема функционални семафори на неколку клучни раскрсници во градот. За време на вооружените дејства, семафорите на ул. Народна Револуција и бул Трета МУБ се исклучени, а одговорноста за враќање на функционалноста се префрла од една институција во друга, а за сметка на тоа, страдаат граѓаните.
Како резултат на непостоечка патна сигнализација, вечерва во Куманово дојде до помал судир на две возила на ул. Народна Револуција и бул. Трета МУБ, со предизвикана материјална штета.
Учесниците во сообраќајот се жалат на непостоечка сигнализација и апелираат за поголема будност на надлежните и повторно враќање на патната сигнализација, токму на оние улици каде што постои голема патна фреквенција.
Семафорите во Куманово не работат од Зелен Пазар кон излезот на градот, како и семафорот на раскрсницата Трета МУБ и Народна Револуција до поранешна Тракторска станица во двата правца.