Неделна прогноза за Куманово: За денес два метео аларми!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи.

Loading...

Врнежите, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, наместа ќе бидат поројни, особено во западните и централните делови, локално во форма на невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и северен правец.

 

 

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 38 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и северозападен правец.

Loading...

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум ќе достигне 23 степени целзиусови.

Од страна на УХМР за регионот на Куманово за денеска се издадени две мете предупредувања, портокалов метео аларм за опасност од врнежи од дожд и жолто предупредување за невреме со грмотевици.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 11 степени до максимални 26 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаб до умерено засилен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а дневниот максимум се очекува да достигне до 25 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во интервал од 10 степени во утринските часови до максимални 26 во текот на денот.

Loading...

 

 

Последниот работен ден од неделата ќе имаме пролетно време, сончево и топло со слаб до умерен ветер од север и северозапад. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а дневниот максимум ќе достигне 26 степени целзиусови.

Сабота носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 27 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме претежно облачно време со малку сонце и умерен до засилен ветер од север и северозапад. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 25 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Следната работна недела носи суво и сончево време со пролетни температури.

Никола Ивановски