37-годишна кумановка нападната од нејзиниот партнер

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишна кумановка ноќва во полицијата пријавила дека била физички нападната од нејзиниот партнер.

– На 23.09.2026 во 02:05 часот во СВР Куманово, 37-годишна жена од Куманово пријави дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот партнер Л.И., информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цариниците на Табановце спречија шверц на 200.000 евра (ВИДЕО)