Неделна прогноза за Куманово. Што носи последната седмица од февруари?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во крајните источни и западни делови.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Loading...

Утринската темпратура ќе се движи околу еден степен, додека максималната дневна се очекува да достигне пет степени целзиусови.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу еден степен во позитива, а максималната се очекува да се искачи до 11 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме облачно време со слаб до умерено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, а максималната дневна ќе достигне 12 степени целзиусови.

Облачно време ќе имаме и во чеврток. Ќе дува слаб до умерено засилен јужен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 13 степени целзиусови.

 

Loading...

 

И во петок ќе имаме облачно време со слаб до умерен ветер, овој пат од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, а дневниот максимум ќе достигне 10 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен западен и северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, а максималната ќе достигне 10 степени целзиусови.

Недела носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува сла бдо умерен источен и североисточен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу нулата, а максималната дневна ќе достигне девет степени целзиусови.

 

 

Loading...

Следната работна недела носи благ пораст на температурите и повеќе сонце.

Никола Ивановски