Неделна прогноза за Куманово. Што носи последната октомвриска седмица?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 21 до 26 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 23 степени целзиусови.

Loading...

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време, со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен севере ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 20 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мирна новогодишна ноќ во Куманово (ВИДЕО)

Во среда ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу шестиот степен, а максималната дневна ќе достигне 18 степени целзиусови.

Претежно сончево со мала облачност ќе биде времето во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи од минимални 5 до максимални 18 степени целзиусови.

 

Loading...

 

Петок носи претежно облачно време со слаб до умерен југозападен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу третиот степен, а дневниот максимум ќе достигне 19 степени целзиусови.

Во сабота ќе имаме сончево време со слаб до умерено засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу третиот степен, а дневниот максимум ќе достигне 20 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат пред неговата семејна куќа

Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од минимални два до максимални 17 степени целзиусови.

 

 

Слично време ќе имаме и во текот на следната работна недела, но со нешто пониски максимални температури.

Loading...

Никола Ивановски