Неделна прогноза за Куманово: Продолжуваат дождливите денови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м 2 ).

Дневната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен ветер.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 12 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20-годишник натепан во населбата Перо Чичо

 

 

И утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 8 до максимални 13 степени целзиусови.

Облачно со врнежи од дожд ќе биде и во среда. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 7 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 15 степени целзиусови.

Ноќта кон четврток врнежите се очекува да престанат.

Во четврток ќе имаме променливо облачно време со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен северен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четвртиот степен, а максималната дневна се очекува да достигне 15 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на Емилија и Стојче Тоциновски во Куманово

 

 

Променливо облачно време ќе имаме и во петок. Ќе дува слаб до умерен северн и северозападен ветер, а температурата ќе се движи меѓу минимални 5 и максимални 17 степени целзиусови.

Сабота носи повторно облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 5 степени, а максималната дневна ќе достигне 18 степени целзиусови.

Облачно со врнежи од дожд ќе биде времето и во недела. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 1 степен, а дневниот максимум ќе се искачи до 8 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривична против четворица кумановци за напад врз малолетници

Ноќта кон понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

 

Loading...

 

Од следната работна недела се очекува повеќе сонце, иако ќе има и по некој врнежлив ден.

Никола Ивановски