Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 40 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Утринската темпетатура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 35 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време со слаб до умерено засилен ветер од северен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 15 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне високи 36 степени целзиусови.
Среда исто така носи сончево и многу топло време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час. Температурата ќе се движи од минимални 15 до максимални 36 степени целзиусови.
Во четврток ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до засилен ветер од север кој ќе достигнува брзина и до 40 километри на час. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне 33 степени целзиусови.

Променливо облачно време ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 14 до максимални 32 степени целзиусови.
Сончево и топло време ќе имаме и во сабота со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 12 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 33 степени целзиусови.
И во недела ќе се задржи сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, а температурата ќе се движи од минимални 14 до максимални 33 степени целзиусови.

Сончево и топло време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.
Никола Ивановски

