Неделна прогноза за Куманово: Пеколно топло, температурите до 36 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 17 степени, а максимумот во тект на денот ќе достигне 34 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во вторник трето прскање против комарци во Куманово

Од страна на УХМР за регионот на кумановско за денеска е издадено жолто метео предупредување за опасност од високи температури.

 

 

Утре во кумановско ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 19 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до високи 36 степени целзиусови.

 

 

Недела исто така носи сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 17 до максимални 35 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со дефиле низ Куманово започна 7. Меѓународен фолклорен фестивал (ФОТО)

 

 

Првиот дел од претстојната работна недела носи нестабилно време, по што во вториот ќе имаме и драстичен пад на температурите.

Никола Ивановски