Неделна прогноза за Куманово: Денеса најтопло, па ќе следи освежување

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и многу топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 17 степен, а дневниот максимум ќе се искачи до високи 38 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе излезе уште посилно од владината реконструкција (ВИДЕО)

Од страна на УХМР за регионот на Куманово е изадедено портокалово предупредување за опасност од високи температури.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време, претежно сончево во првиот дел од денот, а потоа нестабилно со услови за дожд и грмежи во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 17 степени, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 34 степени целзиусови.

Среда носи претежно облачно време со кратки сончеви перидои. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 17 до максимални 33 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири лица завршиле во болница по групна тепачка во Куманово

Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе имаме и во четврток. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 17, а максималната дневна околу 27 степени целзиусови.

 

 

Петок носи променливо облачно време со слаб до засилен ветер од север и североисток кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 16 степени, а дневниот максимум ќе достигне 28 степени целзиусови.

Сончево и топло време ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен правец, кој ќе надминува брзина од 40 километри на час. Минималната температура ќе се спушти околу 15 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 30 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ја нападнал вонбрачната партнерка, полицијата го привела

И во недела ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 13 до максимални 30 степени целзиусови.

 

 

Слични температури ќе се задржат и во текот на следната работа недела.

Никола Ивановски