Педесет и шестгодишен кумановец бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка.
– На 27.06.2026 во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ц.(56) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во нејзиниот дом во Куманово, физички ја нападнал неговата 42-годишна вонбрачна партнерка, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

