Четири лица од Куманово викендов завршиле во болница по физичка пресметка со друга група од четири лица во центарот на градот.
– На 28.06.2026 во 04:46 часот во СВР Куманово е пријавено дека околу 03:00 часот, пред трговски центар на улица „Гоце Делчев“ во Куманово, по претходна вербална расправија настанала физичка пресметка помеѓу А.Т. М.Т.(29), П.З.(39) и И.С.(34), сите од Куманово и уште две машки и две женски лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, со повреди се здобиле М.Т., П.З., И.С., и А.Т., констатирани во Општа болница во Куманово.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.
Никола Ивановски

