НАСА тргна во досега најголемиот „лов“ на вонземјани (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Телескопот кој НАСА го лансираше пред неколку месеци неодамна се најде помешу Земјата и Месечината и започна да скенира 85 отсто од ноќното небо, барајќи мали камени планети слични на Земјата.

Како НАСА пред половина век го запалила доказот за живот на Марс?

Loading...

НАСА, телескопот го лансираше на 18 април годинава и тоа со помош на ракета на Сјепс екс, а со него требало да бидат откриено околу 50 планети слични на Земјата. Дури пред неколку дена телескопот се најде помеѓу Земјата и месечината и започна да скенира 85 отсто од ноќното небо.

Овој телескопт во наредните две години ќе набљудува околу 200.000 ѕвезди и потенцијално ќе открие илјадници нови планети кои се одалечени 200 светлосни години од Земјата.

Имено, на 25 јули TESS (Transiting Exoplanet Survey Satellite) конечно влезе во единствената орбита помеѓу Земјата и Месечината, кога започна да „гледа“ одалечени соларни системи и да „лови“ мали, камени планети.

– Знаете дека има повеќе планети од ѕвезди во нашиот универзум? Се радувам на чудните, фанстастични светови кои ќе ги откриеме, рекол Пол Херц, директор за астрофизика на НАСА, во сооштението.

Истражувањето може да доведе и до првиот поглед на атмосферата на мали, камени вонземски светови и можеби, но само можеби – први индиректни докази дека вонземскиот живот би можел да постои надвор од нашиот сончев систем.

Инжинер на НАСА открива каде се кријат вонземјаните (ВИДЕО)

На многу начини, TESS е продолжение на најголемиот зафат на НАСА во потрагата по планети слични на нашата, кој се вика Кеплеров вселенски телескоп.

Кеплер е лансиран во март 2009. година и „гледаше“ во мал простор повеќе од три години при што откри 4.000 планети.

Кеплер исто така пронајдено околу 50 светови со големина на Земјата кои можат да бидат населени. Алгоритмот на Гугл за вештачка интелигенција од тогаш премина низ податоците и веројатно нашол уште такви планети.

TESS ќе користи техника за да пронајде планети слични на оние кои ги пронашол Кепер, но тоа ќе биде исклучитечно помоќна мисија.

НАСА, следната година ќе лансира најголем телескоп во светот „Џејмс Веб“ кој ќе работи на температури од минус 233 степени целзиусови и кој исто така ќе има задача да бара живот во вселената.

Leave a Reply