НАСА ја реши мистеријата за бизарниот објект снимен на површината на Марс

Сподели со своите пријатели

Роверот на НАСА „Персервенс“ патролира на Марс веќе една година и испраќа фотографии од Црвената планета на Земјата.

Loading...

Во јули оваа година роверот направи необична фотографија која привлече големо внимание кај научниците и јавноста.

Фотографијата покажа заплеткан предмет налик на нудли, а ни самата НАСА на почетокот не беше сигурна што е тоа.

Најпрво се претпоставуваше дека се работи за деловите од леталото што останале зад себе при слетувањето.

Тоа не се нудли

На крајот, се покажа дека фотографијата содржи полиестерски влакна кои се користат за регулирање на температурата на опремата што ја користи НАСА, пренесува Cnet.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија сака да ги забрани социјалните мрежи за помлади од 16 години, експертите поделени

Овие влакна се користат за заштита на вселенското летало од екстремни температури и услови, како на пример кога паѓа во атмосферата на Марс со брзина од 20.000 км/ч.

Иако се работи за влакно, некои научници изразија загриженост. Потенцијален проблем со вселенското ѓубре на површината на Марс е тоа што може да ја загади почвата или примероците од почвата што роверот ги собира за тестирање на Земјата.