Ви требаат следниве состојки:
Loading...
– 1 чаша овес
– 1 чаша шеќер
– 1 чаша вода
Начин на подготовка :
Овесот се мие и се става во шерпата заедно со шолја вода и шолја шеќер (големината на шолјата да биде 200 мл).
Оставете ја смесата да зоврие и оставете ја на оган уште една-две минути. Најдобро би било овој напиток да го подготвите навечер и да го оставите да отстои до утрото.Наутро процедете ја и добиената течност истурете ја во стаклена тегла или шише и чувајте го во фрижидер.
Ќе имате доволно сок од една смеса за 4 до 5 дена.
Loading...
Пијте по една чаша за „ракија“ од овој напиток (околу 30 ml) на празен стомак секое утро во текот на 40 дена.
Потоа направете пауза од 15 дена и повторно пијте секое утро во следните 40 дена.