Напаѓачот на Трамп изјавил за АФП: „Путин е терорист, мораме да му ставиме крај“

Сподели со своите пријатели

Пред две години, француската новинска агенција АФП го интервјуирала Рајан Весли Рут во Украина, осомничен за обидот за атентат на Доналд Трамп, кој ја поддржа тамошната одбрана од руската агресија.

Loading...

Американските медиуми јавуваат дека Рут (58) е уапсен откако припадници на Тајната служба забележале маж со пушка во грмушките покрај теренот за голф каде што играл Трамп.

Осомничениот се сокрил во грмушките и побегнал со црн автомобил пред властите да го најдат, пишуваат медиумите.

CNN и CBS објавија дека Рут е градежен работник од Хаваи. Тој има опширно полициско досие кое опфаќа неколку децении и редовно објавува написи за политика и актуелни настани, понекогаш критикувајќи го Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  БРИКС: Зошто Турција сака да се приклучи на економскиот сојуз предводен од Русија и Кина?

Рут е проукраински активист и постојано изразува поддршка за Украина по руската инвазија.

„Подготвен сум да летам за Краков и да одам на украинската граница како волонтер, да се борам и да умрам“, напишал Рут на Твитер (сега преименуван во X) во март 2022 година.

„Путин е терорист“

АФП го интервјуираше Рут во Киев кон крајот на април 2022 година, додека тој учествуваше на протести за поддршка на Украинците опколени во пристанишниот град Мариупол.

Loading...

„Путин е терорист и мораме да му ставиме крај. Затоа, сите треба да престанеме со тоа што го правиме и веднаш да дојдеме овде“, изјави тој тогаш за АФП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина со ХИМАРС уништи воена база на Путин: „Жртвите се огромни“ (ВИДЕО)

САД ржави силно ја поддржуваат Украина откако Русија ја нападна нејзината територија во февруари 2022 година.

Американскиот претседател Џо Бајден следниот јануари ќе биде сменет или со потпретседателката Камала Харис, која изјави дека ќе ја продолжи политиката на поддршка на Украина или од Доналд Трамп, кој за време на неодамнешната дебата не сакаше да каже дали сака Киев да победи во војна.