Во Зиген-Ајзерфелд, 32-годишна Германка во петокот вечерта со нож нападна шест лица во автобус.
Три лица се здобиле со повреди опасни по живот, едно е тешко повредено, а две полесно, јавува WDR.
Автобусот бил на пат кон градскиот фестивал во Зиген. Полицијата го уапсила напаѓачот.
Инспекторите во моментов не веруваат дека станува збор за терористички акт.
„Во моментов нема понатамошна опасност“, соопшти полицијата.
Според полицијата, осомничената околу 19:40 часот со нож нападнала шест лица на возраст од 16 до 30 години.
Три лица се уште се во животна опасност, додека трите преостанати повредени лица по укажаната помош ја напуштиле болницата.
Според полицијата и државното правобранителство, сите повредени се од областа Зиген-Витгенштајн.
Автобусот требало да ги однесе патниците на градскиот фестивал. Во автобусот имало уште најмалку 40 лица.
Напаѓачот е германска државјанка
Неколку патници ја алармирале полицијата, по што полицајците ја привела осомничената, германски државјанин.
32-годишната жена веќе ѝ е позната на полицијата. Според информациите на агенцијата dpa, постојат индиции за психичка болест на жената.
Полицијата од Дортмунд ја презеде истрагата и ја води акцијата.
Тие ги повикуваат граѓаните да не шират лажни вести на социјалните мрежи или други канали и да не го поврзуваат нападот со терористички напад.
Според изјавите на државното правобранителство и полицијата, „нема индиции за политички или верски мотив“.
Портпаролот на транспортната компанија Westfalen-Süd за весникот изјави дека возачот на автобусот брзо реагирал, го запрел автобусот веднаш по инцидентот што започнал во возилото и ги отворил сите врати.
Ова им овозможи на патниците брзо да избегаат од автобусот и можеби спречи уште полоши последици.
Според пишувањето на весникот, во автобусот имало и деца и млади луѓе.
По нападот со нож во Солинген пред една недела, во кој исламист уби три лица, а тешко повреди осум, градскиот фестивал во Зиген применува зајакнат безбедносен концепт и фестивалот ќе продолжи.