Најстариот осуденик за злосторства од холокаустот почина на 103-годишна возраст

Сподели со своите пријатели

Јозеф Шиц, најстариот осуден за злосторства извршени за време на Холокаустот, почина на 103-годишна возраст.

Loading...

Шиц беше прогласен за виновен минатиот јуни за помагање во ликвидацијата на илјадници затвореници во нацистичкиот концентрационен логор Заксенхаузен, во близина на Берлин, помеѓу 1942 и 1945 година, јавува Би-Би-Си.

Сепак, иако беше осуден на пет години затвор, Шиц остана на слобода во очекување на исходот од жалбената постапка пред Федералниот суд на правдата.

Шиц отсекогаш негирал дека бил член на единиците на СС и чувар во нацистички концентрационен логор, но бил прогласен за виновен за помагање и поттикнување на ликвидации на 3.518 луѓе, соучество во пукањето на советските воени затвореници и убиства во логорот на затвореници со гас „зиклон Б“.

Десетици илјади луѓе загинаа во нацистичкиот концентрационен логор Заксенхаузен за време на Втората светска војна од глад, принудна работа, медицински експерименти и ликвидации кои систематски ги спроведуваа членовите на СС.