Најмалку 82 големи пожари беснеат во западниот дел на САД, поради што многу населби се евакуирани, додека метеоролозите прогнозираат топлотен бран кој може да донесе рекордни температури и да предизвика дополнителни пожари.
Бројни пожари влијаат и на квалитетот на воздухот на американскиот запад, а еден од нив е „Парк пожар“, петти по големина во историјата на Калифорнија.
Податоци од Одделот за шумарство и противпожарна заштита на Сојузната држава Калифорнија дека само еден од 20-те најголеми шумски пожари во Калифорнија се случил пред 2000 година – „пожарот Матилија“ во 1932 година, објави веб-страницата Аксиос.
Седум од осумте најголеми пожари некогаш регистрирани во државата се случиле од 2020 година.
Поради „парк пожарот“ неколку илјади луѓе мораа да се евакуираат, додека пожарот се шири во окрузите Бат, Плумас, Шаста и Техама.
Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба во округот Керн по обиколката на областа во вторникот.
Пожарот гори на 230.000 метри квадратни, а до синоќа 17 отсто од пожарот е локализиран.
Неколку десетици пожари горат низ Канада, додека во Орегон до утринава се регистрирани 31 пожар, а Монтана, Јута и Аризона по шест, пренесува Танјуг.