Најмалку 20 лица загинаа, а околу 50 се ранети во напад на банда на Хаити

Сподели со своите пријатели

Најмалку 20 лица, меѓу кои и деца, загинаа во напад на вооружената банда Гран Гриф во градот Понт-Сонд, Хаити.

Loading...

Уште 50 луѓе се ранети додека членовите на бандата Гран Гриф дивееја во текот на ноќта низ Понт-Сонд во централниот регион Артибонит, на околу 71 километар северозападно од главниот град Порт-о-Пренс, пренесува АП.

Обвинителството на Хаити го окарактеризира нападот како „масакр“.

Нападот се случи речиси еден месец откако властите на Хаити ја продолжија вонредната состојба на национално ниво.

Вооружени банди контролираат големи делови од Хаити, а полициската мисија поддржана од ОН предводена од кениската полиција започна во јуни во обид да се нормализира ситуацијата.

Гран Гриф се смета за една од најнасилните банди на Хаити, а во јануари 2023 година нејзините членови беа обвинети за напад на полициска станица во близина на Порт-Сонд и за убиство на шест полицајци, пренесува Танјуг.