Губењето на вишокот килограми понекогаш може да се покаже како невозможна мисија. Важно е не само да го промениме начинот на исхрана, да спортуваме, но и да се довериме на некои природни додатоци кои го помагаат слабеењето.
Денес споделуваме листа со едни од најефикасните билки кои може да се консумираат во форма на чај или додатоци во исхраната.
Гурмар (листови)
Гурмарот е билка која е дел од ајурведската медицина и често се препорачува на луѓе кои страдаат од дебелина. Билката дејствува како диуретик, а на тој начин се елиминира вишокот течности од телото, токсините. Исто така го намалува апетитот кон слатко задоволство и го подобрува варењето.
Женшен
Женшенот е една од најпознатите билки. Таа не само што ја зголемува и подобрува меморијата, но може да помогне при симнувањето на вишокот килограми. Нејзините состојки дејствуваат како стимуланси и термогени кои го зголемуваат метаболизмот, даваат енергија и ги прават тренинзите уште поефикасни. Затоа пред спорт, секогаш пијте ароматичен чај од билката.
Оригано
Ориганото е богато со антиоксиданси и е една од најефикасните билки за слабеење. Помага за нормалното функционирање на дигестивниот систем, детоксикација на телото и го зголемува нивото на серотонин. Зголемените нивоа на серотонин го намалуваат ризикот од емоционално јадење, го намалуваат апетитот.
Бел трн
Во последниве години оваа билка станува популарна со своите прочистувачки својства. Таа помага за детоксикација на црниот дроб, што е важно за одржување на добар метаболизам.
Јерба мате
Јерба Мате е популарна билка која многу луѓе ја консумираат наутро во форма на чај и како замена на кафето. Таа дава енергија, го забрзува метаболизмот и снабдува организмот со минерали, витамини, антиоксиданси и аминокиселини.