На конкурсот за енергетска ефикасност пријавени 12 згради од општина Куманово (видео)

Сподели со своите пријатели

За проектот кој го спроведува локалната самоуправа и Хабитат, со кој се предвидува реконструкција на станбени згради за подобрување на енергетска ефикасност во колективно домување преку поставување на термоизолациони фасади и обнова на кровни конструкции, се пријавиле 12 згради од Општина Куманово.

Loading...

Од пријавените само една зграда има продолжен рок за да ја докомплетира целосната документација, додека останатите уредно го имаат испочитувано рокот за конкурирање. Тука спаѓаат: осмокатница, зградите на улицата „Ленинова“, над скопски дуќани, „Доне Божинов“ бр.24, „Браќа Рибар“ бр.130, „Октомвриска револуција“ бр.4, „Тодор Велков“ спротив Центарот за вработување, „Димитар Влахов“ бр. 32, „Драган Стопаревиќ“ бр.10, „Народна револуција“ бр.1, „Илинденска“ бр. 50 и „Димитрије Туцовиќ“ бр. 2.

На 21ви септември ќе се одржи седница на која претставници од општината и Хабитат ќе ги рангираат оние кои се пријавиле на конкурсот според неколку критериуми, зависно од староста на зградата или од типот на реконструкцијата.

Хабитат ќе ја изработи целокупната техничка документација за проектот кој предвидува менување на фасада или кровна конструкција на дел од зградите доколу станарите се одлучат да променат 75% од надврешната столарија, додека целокупните административни и нотарски трошоци ќе ги покрие општина Куманово.

Станарите се тие кои сами ќе го изберат изведувачот на реконструкцијата, а Хабитат ќе ја провери озбилноста на фирмите кои ќе бидат изберени, при што нивни претставници постојано ќе вршат надзор како течат работите на терен.

Средствата од општина Куманово кои ќе бидат издвоени за овој проект се неповратни, што значи дека станарите нема да имаат потреба да ги враќаат на општината, а исплатата ќе се врши директно преку Хабитат.