Голем метеж утринава има на граничните премини Табановце и Пелинце за излез од држава.
Loading...
Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
– На ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 90 минути. На ГП Пелинце времето на чекање за излез од државата е околу 45 – 60 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, стои во соопштението.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Никола Ивановски