МВР со детали за тепачката на градскиот плоштад

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден околу 20 часот,  55-годишниот З.Б во ПС Куманово пријавил дека околу 17:50 часот додека одел пеш со лицето Г.М, и двајцата од Куманово,  биле нападнати.

Loading...

Двајцата движејќи се на градскиот плоштад во близина на бутикот „Шкорпион“, лицето З.Б одзади бил турнат од НН сторител при што паднал на земја.

Потоа кон него дотрчале уште три НН лица кои физички го нападнале удирајќи го со раце и нозе во пределот на главата и телото. З.Б. се здобил со видливи повреди, скршеница на носна коска, видливи рани на главата, отоко на десниот дел од лицето, потрес на мозокот.

Истиот бил пренесен во Општа болница во Куманово каде е задржан на понатамошно лекување. СВР Куманово превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на настанот.