Мотоциклист од Куманово тешко повреден откако излетал од патот

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен мотоциклист од Куманово се здобил со тешки повреди откако со својот мотор излетал од патот.

Loading...

– На 14.02.2025 околу 13.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце-исклучок за с.Долно Коњаре, мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(27) од Куманово, излетал надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Семејна куќа изгоре во пожар во Куманово