Сајбер агресијата иницирана од Западот против Русија ќе има последици и ќе се утврдат нејзините извори, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
Се наведува дека во контекст на операцијата на Москва во Украина, САД и како што велат „нивните сателити“ преземаат масовна сајбер операција против Русија, пренесува РИА Новости.
Се додава дека државните институции, медиумите, објектите од критичната инфраструктура и виталните системи секојдневно се изложени на силни напади со употреба на напредна информатичко-комуникациска технологија.
– Никој не треба да се сомнева: сајбер агресијата започната против Русија доведе до тешки последици за нејзините поттикнувачи и извршители. Изворите на нападот ќе бидат утврдени, а напаѓачите неизбежно ќе сносат одговорност за своите постапки во согласност со законот, се вели во соопштението на руското министерство.
Се додава дека во „сајбер војната“ против Русија учествуваат и „сајбер платеници“, чии задачи често се граничат со, како што се оценува, „отворен тероризам“.