Москва протера 15 холандски дипломати

Сподели со своите пријатели

Москва протера 15 холандски дипломати откако Холандија го стори истото со 18 руски дипломати минатиот месец, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Loading...

 

Зошто Путин сака да го заземе Донбас?

 

Според соопштението, како одговор на протерувањето на руските дипломати од Холандија, Москва прогласува 14 вработени во холандската амбасада во Москва и еден вработен во Генералниот конзулат во Санкт Петербург за персона нон грата, пренесува РИА Новости.

Тие мора да ја напуштат Русија во рок од 14 дена.