Москва денес апелираше до Индија и Пакистан да покажат „воздржаност“ по размената на оган меѓу двете соседни нуклеарни сили во која беа убиени најмалку 34 лица.
Loading...
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека е „длабоко загрижено од ескалацијата на воената конфронтација“.
Од двете страни се бара воздржаност со цел да се избегне влошување на ситуацијата.
Министерството за надворешни работи изрази надеж дека тензиите можат да се решат со „мирни и дипломатски средства“.