Москва бесна по посетата на Зеленски на Херсон

Сподели со своите пријатели

Го оставаме ова без коментар, знаете дека тоа е територија на Руската Федерација, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, откако новинарите побараа од него да го коментира пристигнувањето на Володимир Зеленски во ослободениот Херсон.

Loading...

Украинскиот медиум Правда пренесува дека Кремљ е бесен што Зеленски успеал да го направи овој потег.

Потсетуваме, по нешто што тие го нарекоа референдум, Русија кон својот состав припои четири украински региони.

Украинскиот претседател претходно денеска пристигна во градот на југ, кој беше ослободен од силите на Киев по речиси девет месеци руска окупација.

– Подготвени сме за мир. Мир за целата наша земја – рече Зеленски, пренесува Ројтерс.

Тој им се заблагодари на НАТО и на другите сојузници за помошта во војната со Русија. Тој посочи дека американските системи ХИМАРС направиле голема разлика на бојното поле.

– Многу сум среќен што градот е ослободен – додаде Зеленски.

На прашањето „каде ќе оди потоа украинската војска? тој одговори: „Не во Москва. Не сме заинтересирани за туѓа територија’.

Loading...

Песков денеска често беше без коментар на печатот. Рускиот медиум Комерсант објави дека денеска во Анкара се водат тајни преговори меѓу претставници на САД и Русија.

Директорот на „странската“ разузнавачка служба Сергеј Наришкин долетал во Анкара од руска страна, пишува Комерсант и додава дека деталите од разговорот не се познати.

Се истакнува и дека претходно ваква средба не беше јавно објавена.

Песков рече дека не може ниту да ги потврди ниту да ги демантира информациите за разговорите во Анкара, пренесува руски Лента.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.