Млад орел е убиен откако наводно нападнал и повредил најмалку четири лица, меѓу кои и 20-месечно дете во Норвешка, пишува Гардијан.
Норвешките медиуми објавија дека во последниот напад, кој се случил во саботата, птицата се нафрлила на мало девојче кое си играло во дворот на семејната куќа.
„Дојде од никаде и ја грабна нашата најмлада ќерка. Нејзината мајка скокна и го грабна, но мораше да се бори да го пушти. Сосетката мораше да помогне”, рекол таткото на девојчето.
Тој објасни како двајца возрасни на крајот успеале да го отстранат орелот од детето, чие лице останало со гребаници.
Иако соседтката ја избркала птицата со стап, таа се вратила кај детето.
Овие орли, кои имаат распон на крилјата до два метри, се вообичаени во поголемиот дел од Скандинавија.
Тие главно јадат помали цицачи, лисици и овци.
Овој „веројатно имал нарушување во однесувањето“, вели Алв Отар Фолкестад, експерт за орли во BirdLife Norge.
Фолкестад објасни дека однесувањето на птицата е крајно различно од нормалното, додавајќи дека се чини дека серијата напади, кои се случија на голема површина во текот на изминатата недела, биле извршени од истата птица. Тој е убеден во тоа поради деталите на нејзините пердуви.
Меѓу претходните жртви е и 31-годишниот Френсис Ари Стур, кој вели дека птицата го нападнала најмалку шест пати додека планинарел минатиот четврток, и покрај тоа што го користел неговиот ранец како штит и го оттурнал орелот од него.
Лекарите кои подоцна му ги санирале раните на лицето веруваат дека од полоши повреди го спасиле неговата кошула со долги ракави и очилата за сонце.
Маријан Мирванг, која била нападната претходниот ден, за локалниот весник изјавила дека почнала да вреска кога нешто големо и тешко и паднало на рамениците.
Таа објасни како паднала на колена и не можела да стане поради тежината.
Нејзиниот сопруг ја зграпчил скршената гранка што му била при рака и го избркал орелот.
Меѓутоа, раните морале да ѝ се санираат во болница.
Како заврши сето тоа?
Така, Пер Кар Винтердал, ловочувар во Оркдал, ја „еутанизирал“ птицата кратко по нападот на детето во саботата попладне.
Не кажа како ја убил, пишува Јутарњи лист.