Монструозен питон ја поврати старицата која ја проголтал, додека роднините ја барале (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жителите на едно индонезиско село убиле огромен питон кој згмечил, а потоа се обидел да проголта старица која чувала крави!

Loading...

Старицата, која имала 74 години, во средата ги однела кравите на пасење во шумска област на планините Сумарамбу на околу еден километар од нејзиниот дом во градот Палопо во провинцијата Јужен Сулавеси.

Меѓутоа, старицата не се вратила дома, а еден ден подоцна нејзиниот син тргнал во потрага и забележал траги од крв на земјата недалеку од колибата.

Набрзо го пронашол телото на старицата како лежи во тревата.

Локалните медиуми јавуваат дека имало забележливи траги од каснување на главата и зглобовите на старицата и дека питонот најверојатно го повратил телото бидејќи не можел да го голтне до крај.

– Мештаните повикале полиција и по прегледот на телото било потврдено дека старицата била убиена од змија. Старицата била проголтана до рамениците, но змијата потоа го повратила телото. Мештаните и членовите на семејството потоа ја пребарале локацијата и во грмушките пронашле питон долг околу четири метри – изјавил заменик-шефот на локалната полиција.

Мештаните веднаш го убиле мрежестиот питон и го исекле на парчиња.

Страшната сцена е снимена само неколку месеци откако телото на друга жена беше пронајдено во стомакот на питон во истата провинција.

Loading...