ММФ: Острата зима може да предизвика немири во Европа

Сподели со своите пријатели

Суровата зима може да доведе до социјални немири во Европа, каде рускиот напад врз Украина веќе доведе до страшни економски последици и страв од рецесија, изјави генералната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Loading...

Таа рече дека сегашната ситуација значи дека Европската централна банка треба внимателно да ја балансира борбата против инфлацијата, притоа да остане свесна за неопходноста од одржување на економијата, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Соработка со „Мајката природа“

„Секако дека постои страв од рецесија во некои земји или дури и да нема рецесија, оваа зима работите ќе изгледаат како да има рецесија“, рече Георгиева.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Конгрес донесе закон што може да доведе до крај на ТикТок

Таа посочи дека ако мајката природа одлучи да не соработува и зимата е сурова, тоа може да доведе до одредени социјални немири.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.