Министерот Чавков денес ќе го посети бегалскиот центар во Табановце

Сподели со своите пријатели

Како што информира Министерството за внатрешни работи, денес во 18:15 часот министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков заедно со државниот секретар за европски прашања од Министерството за надворешни работи и меѓународен развој на Франција г-дин Арлем Дезири ќе го посетат железничкиот премин Табановце каде што ќе се информираат за моменталната состојба на мигрантите.

Loading...

Ова е прва официјална посета на министерот Чавков на излезниот камп за бегалци стациониран на Железничкиот премин на Табановце кон Република Србија.