Кумановскиот кошаркар Милош Јовановиќ е првото име за кое е познато дека претстојната сезона ќе ги брани боите на МКК Куманово.
Loading...
Станува збор за клуб кој ќе се натпреварува во втората лига, покрај КК Куманово кој испаѓајќи од првата лига исто така ќе се натпреварува во втората.
Двата клуба најавија учество оваа сезона, со што се очекува и првото кошаркарско дерби во градот, но засега нема детали кој ќе настапува за овие клубови.
Јовановиќ изминатата сезона играше за МКК Куманово, но и за сениорскиот тим на Куманово во првата кошаркарска лига каде стекна добро искуство и се избори за поголема минутажа.
Никола Ивановски