Ученичката Мила Смилевска од кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ го освои првото место на Државниот натпревар по англиски јазик.
Во конкуренција на ученици од прва година средно образование од целата држава, Смилевска со освоени 98 поени го освои првото место.
– Ова е огромен успех лично за Мила, но и за Гимназијата и Куманово, како најдобар пласман до сега на ова натпреварување кое започна во 2000 година, вели наставничката по англиски јазик Елена Марковска.
Под менторство на наставничката Марковска учествуваше и Ива Пешевска која е шеста во државата.
Мила Пешиќ заврши на 7-мо место под менторство на Благица Гавриловска Цветковиќ, Јован Денковски на 8-мо место со неговиот ментор наставничката Александра Маневска.
Од трета година солидно се претставија Луција Петровска и Немања Крстевски, под менторство на наставничката Мери Маневска.
Државниот натпревар се одржа викендов во организација на Здружението на наставници по англиски јазик ЕЛТАМ.
Никола Ивановски